Каде е македонското малцинство во Бугарија?

10 октомври, 2003

Извор: А1 Телевизија, Биљана Секуловска - http://a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=24926

Македонското малцинство не постои за Бугарија. Вака изгледа најновиот извештај на оваа соседна земја даден неодамна во Советот на Европа. Она што е скандалозно се формулациите за Македонците.

1940-тите и 1950-тите години 200.000 жители биле присилувани да се декларираат како Македонци. Кој и како ги присилувал не е јасно. Во 1992 година имало 10.308 Македонци, а 3.109 се изјасниле дека зборуваат македонски.

Во извештајот уште стои дека оддолжувањето на резултатите од пописот всушност довеле до преувеличување на овие бројки.

Што се однесува до образованието, тоа има друго име - инструкции на мајчин јазик. Всушност официјален јазик е само бугарскиот.

Национални малцинства не постојат во Уставот. Тоа се граѓани од небугарско етничко потекло.

Потсетуваме дека на последната, септемвриска сесија на Советот на Европа македонската делегација не присуствуваше, освен шефицата Елеонора Петрова. Тогаш на дневен ред беа токму малцинствата.

Македонската мисија во Стразбур и амбасадорот Ѕвонко Јанкуловски после извештајот на Албанија официјално побарале македонскиот модел да биде пример за унапредување на правата на малцинствата да биде применет и во Албанија.

Токму поради тоа, сега Советот на Европа остро ја критикува Албанија, земајќи ги во предвид сите забелешки од македонска страна и бара соодветен попис во земјата.

Што се донесува до Бугарија, бугарски извештај ќе оди на разгледување, после што се очекува официјален коментар и од македонска страна, со клучното прашање каде е македонското малцинство во Бугарија и каде е вистината за него?


       
Main About Us News Activities Documents Photo Gallery Media Contact Links
1999-2019 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.
This website is under development by: TJ-Hosting