ММДЧП бара од бугарските власти да ја почитуваат слободата на собири за престојните македонски прослави

21 јули, 2006

Read this page in English

Македонско меѓународно движење за човекови права - http://www.mhrmi.org/

Соопштение за медиумите

На 30 Јули 2006 година во Мосомишките Бањи, Бугарија, близу до градот Гоце Делчев, македонски организации и нивните приврзаници ќе се соберат да го одбележат Илинден, Македонското востание врз Отоманската Империја во 1903 год.

Македонците во Бугарија сеуште продолжуваат да бидат дискриминирани и заплашувани кога си го прогласуваат својот македонски идентитет и биле затворани, притворани, им биле упатувани закани и биле тепани. Во текот на истиот настан минатата година, бугарската Ултра-Националисичка парламентарна партија “ВМРО-БНД” организираа група од вооружени лица кои со дрва и шипки им се спротивставија на македонските прославувачи со намера да ги вознемират, заплашат и нападнат Македонците на настанот.

ММДЧП бара од меѓународната заедница и особено од Европската Унија, да изврши притисок врз Бугарија да го признае големото македонско малцинство и да им ги даде сите права кои се загарантирани од страна на меѓународните конвеции за човекови права. Исто така, ММДЧП бара од Европската Унија да го услови влезот на Бугарија во Унијата и да не ја прима додека не сго признае македонското малцинство.

ММДЧП бара од меѓународните медиуми, организации за човекови права и други заинтересирани партии да бидат присутни на овој настан и да го набљудуваат бугарскиот однос во поглед на нејзините обврски да ги почитуваат правата на своите малцинства.

Бил Николов, Претседател
Македонско движење за човекови права во Канада
Адреса: 157 Adelaide St. West, Suite 434, Toronto, Canada M5H 4E7
Тел: 416-850-7125 Fax: 416-850-7127
Е-маил:
info@mhrmi.org Вебсајт: www.mhrmi.org

       
Main About Us News Activities Documents Photo Gallery Media Contact Links
1999-2019 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.
This website is under development by: TJ-Hosting