ММДЧП ги осудува бугарските медиуми за клеветење против етничките Македонци

14 септември, 2006

Read this page in English

Македонско меѓународно движење за човекови права - http://www.mhrmi.org/

Соопштение за медиумите

Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) го осудува оцрнувањето од страна на Информативната Агенција „Фокус“ врз партијата на Македонското малцинство во Бугарија, ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Фокус се ноторни со нивните анти-Македонски изјавувања и често наведуваат Бугари да осудат било какви изрази на Македонски идентитет. Македонците се често апсени, притворувани, заплашувани и тепани.

Во нивниот најнов напад на 12 септември, Фокус ги прикажа ОМО „Илинден“ - ПИРИН како “сеператисти” и тврдеше дека партијата плаќа луѓе за да потпишат да станат членови. За политичка партија легално да се регистрира во Бугарија мора да се соберат 5,000 потписи. Овој закон беше донесен во Бугарија пред решавањето на Европскиот Суд за Човекови Права кој ја осуди бугарската влада виновна за прекршување на човекови права и ја задолжи да овозможи легалната регистрација на ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Лажните тврдења од страна на Фокус овозможи бугарски политичари отворено да почнат да ја напаѓаат македонската партија со легални процеси. Елиана Масева, член на политичката партија “Демократи за Јака Бугарија” кажа “Купување на гласови не е дозволено од легална и морална страна“ и додаде дека “...криминални закони постојат против такви акции. Филип Димитров, член на “Унијата на Демократски Сили изјави дека “за купување гласови се оди на суд”. Одговорајќи на Конгресот на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, во јули оваа година, градоначалникот на Благоевград Лазар Прицкаров изјави: “Македонците треба да си одат во Македонија. Такви собири - на Македонци во Бугарија - не е легално.” Фокус го цитираше бугарскиот политичар Борис Јачев кој изјави: “надлежните авторитети мора да дејствуваат. Ако им се побара, членовите на ВМРО БНД ќе попречат било какви провокации врз бугарската национална безбедност и суверенитет.”

ММДЧП бара од меѓународната заедница и особено од Европската Унија, да изврши притисок врз Бугарија да го признае своето големо македонско малцинство и да му го додели сите права кои се гарантирани од страна на сите меѓународни конвеции за човекови права. Исто така, ММДЧП бара од Европската Унија да го услови влезот на Бугарија во Унијата и да не ја прима додека не го признае своето македонско малцинство.

Бил Николов, Претседател
Македонско движење за човекови права во Канада
Адреса: 157 Adelaide St. West, Suite 434, Toronto, Canada M5H 4E7
Тел: 416-850-7125 Fax: 416-850-7127
Е-маил:
info@mhrmi.org Вебсајт: www.mhrmi.org

       
Main About Us News Activities Documents Photo Gallery Media Contact Links
1999-2019 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.
This website is under development by: TJ-Hosting