Одлука на Комитетот на министри при Советот на Европа во врска со случајот на ОМО „Илинден“ - ПИРИН

8 јуни, 2007

Read this page in English

Одлуки на Пратениците во Комитетот на министрите

997ма средба, 5-6 јуни 2007
Параграф 4.2


Одлуки

Пратениците,

1. го забележаа постојаното залагање на бугарските власти за да обезбедат потполна имплементација на овие пресуди на Судот, со цел за спречување на нови кршења на слободата на здружување на организациите тужители и нивните членови без никакво понатамошно одолжување;

2. ја забележаа загриженоста од страна на ОМО „Илинден“ - Пирин во врска со проблемите кои настанаа при повторниот обид за регистрација како политичка партија, како и за проблемите при новиот начин на аплицирање со нови, построги критериуми предвидени со новиот закон за политички партии, кој властите не би можеле легално да го донесат без кршење на Конвенцијата;

3. го повикаа Секретаријатот, кон проблемот на оваа тема, итно да ја преиспита, во соработка со бугарските власти и тужителите, постапката на одбивање на тужителите при обидот за регистрација на ОМО „Илинден“ – Пирин;

4. ги поканија бугарските власти да продолжат да го информираат Комитетот на министри за прогресот кој е постигнат во усвојувањето на имплементацијата на дополнителните генерални мерки, поконкретно за оние кои се однесуваат на подигањето на свеста на оној дел од власта кој е задолжен за проблемот изнесен во овие пресуди;

5. одлучија да продолжат да ги разгледуваат сите мерки кои се неопходни за имплементација на овие пресуди на нивната 1007ма седница (15-17 Октомври 2007)

- 2 случаи против Бугарија
59489/00 Обединета македонска организација Илинден - Пирин и други, пресуда за
20/10/2005, конечна на 20/01/2006
59491/00 Обединета македонска организација Илинден и други, пресуда за 19/01/2006, конечна на 19/04/2006

* * *

997ма средба, 6 jуни 2007
Параграф 4.2


Одлуки

Пратениците,

1. го забележаа постојаното залагање на бугарските власти за да обезбедат потполна имплементација на овие пресуди на Судот, со цел за спречување на нови кршења на слободата на здружување на организациите тужители и нивните членови без никакво понатамошно одолжување;

2. исто така со загриженост ја забележаа неодамнешната забрана за организирање на собир на ОМО „Илинден“ – Пирин од страна на локалните власти, врз основа на објаснување веќе осудено од страна на Судот, но со задоволство заблежаа дека собирот се одржал, по интервенцијата на претставник од Владата;

3. ги поканија бугарските власти да ги преземат сите неопходни мерки за ефективно да ја гарантираат слободата на здружување на ОМО „Илинден“ - Пирин и другите тужители и да ја обезбедат ефективноста на домашните правни лекови кон овој проблем;

4. ги поканија бугарските власти да продолжат да го информираат Комитетот на министри за прогресот кој е постигнат во усвојувањето на имплементацијата на дополнителните генерални мерки, поконкретно за оние кои се однесуваат на подигањето на свеста на оној дел од власта кој е задолжен за проблемот изнесен во овие пресуди;

5. исто така ги повикаа бугарските власти да продолжат да го информираат Комитетот на министри за моменталната ситуација на тужителите, што се однесува на нивното право за практикување на слободата на здужување;

6. одлучија да продолжат да ги разгледуваат сите мерки кои се неопходни за имплементација на овие пресуди на нивната 1007ма седница (15-17 Октомври 2007)

- 2 случаи против Бугарија
44079/98 Обединета македонска организација Илинден и Иванов, пресуда за
20/10/2005, конечна на 15/02/2006
6336/99 Иванов и други, пресуда за 24/11/2005, конечна на 24/02/2006

     
Main About Us News Activities Documents Photo Gallery Media Contact Links
1999-2019 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.
This website is under development by: TJ-Hosting