ЕУ бара од Бугарија да ја регистрира ОМО „Илинден” - ПИРИН

6 јуни, 2008

Read this page in English

Stoyko Stoykov ЕУ и наложи на Бугарија да го смени законот за собирање и слободно изразување на мислење, со што на партијата на македонското малцинство ОМО „Илинден” - ПИРИН ќе и бидат овозможени јавни собири.

Комитетот на министри на ЕУ побарал од Бугарија да достави копија на новиот закон за собирање и континуирано да доставува информација за развојот на ситуацијата околу овој закон.

Со втората одлука, Комитетот на министри на ЕУ побарал Бугарија да вложи напори да ја регистрира ОМО Илинден Пирин како политичка партија согласно пресудите на Судот за човекови права во Стразбур.

Бугарија е известена дека и за ова прашање ќе биде под постојан мониторинг се до новата сесија во декември.

„Тоа е чекор напред, и тоа сериозен чекор напред. Знаејќи ја упорноста на бугарските власти, мислам дека нема да доведе веднаш до регистрација”, изјави претседателот на ОМО „Илинден” - ПИРИН Стојко Стојков, за телевизијата А1.

     
MainAbout UsNewsActivitiesDocumentsPhoto GalleryMediaContactLinks
© 1999-2009 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.
This website is under development by: TJ-Hosting