ЕУ ја притиска Бугарија да ја регистрира ОМО „Илинден” - ПИРИН

17 јуни, 2008

Read this page in English

Jonathan Faull ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
ГЛАВНА ДИРЕКЦИЈА „ПРАВОСУДСТВО, СЛОБОДА И СИГУРНОСТ

Главен директор


Брисел, 23 мај

Ваша екселенцијо,

Комисијата доби во повеќе наврати прашања од Европскиот парламент и жалби во однос на одбивањето на бугарските власти да ја признаат и регистрираат Обединета Македонска Организација (ОМО) „Илинден“ - ПИРИН.
Во својот одговор Комисијата потсети дека ова прашање беше предмет на решение на Европскиот суд за човекови права од 19 јануари 2006, кој смета дека одбивањето да да биде регистрирана ОМО „Илинден“ - ПИРИН претставува нарушување на чл. 11 (право на здружување) од Европската конвенција за правата на човекот.
Комисијата исто така потсети дека Бугарија треба да го исполни ова решение.
Според информацијата со која располагаме ова решение уште не е исполнето. Комисијата би сакала да биде запознаена со мерките кои ги преземаат бугарските власти за исполнување на решението на Европскиот суд за човекови права.

Со почит
Џонатан Фол


Photocopy of the Jonathan Faull's letter, in Bulgarian
Photocopy of the Jonathan Faull's letter, in French

     
Main About Us News Activities Documents Photo Gallery Media Contact Links
1999-2019 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.
This website is under development by: TJ-Hosting