ОМО “Илинден“ - ПИРИН и Виножито им се заблагодаруваат на ММДЧП и АМКЧП за нивната непроценлива подршка

2 јули, 2009

Read this page in English

I Love Macedonia ОМО “Илинден“ - ПИРИН и Виножито - Соопштение за медиумите

Флорина/Лерин и Благоевград/Горна Џумаја - 2 јули, 2009 - После значајниот успех на манифестацијата “Недела на ММДЧП“ (14-21 јуни, 2009) и нашата посета во Австралија (24-31 март, 2009), Виножито и ОМО “Илинден“ - ПИРИН би сакале да се заблагодариме на нашите партнери - организациите Македонско меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонски комитет за човекови права за нивната непроценлива подршка и залагање за остварување на човековите права на Македонците.

Во посета на ММДЧП беше Насе Парисис, член на Виножито и Прeтсeдатeл на Грчкиот комитeт при EБЛУЛ (Европско биро за помалку употребувани јазици) и Стојан Георгиев, ко-претседател на ОМО “Илинден“ - ПИРИН, додека во посета на АМКЧП беа Насе Парисис, Димитри Иоану од Виножито и Стојко Стојков, ко-претседател на ОМО “Илинден“ - ПИРИН.

Освен настаните организирани со македонските заедници во Канада и Австралија, беа одржани и состаноци со официјални владини претставници, меѓународни организации за човекови права и со претставници од медиуми, со цел понатаможна глобализација и промоција на човековите права за угнетените македонски малцинства на Балканот.

ММДЧП и АМКЧП обезбедуваат витална финансиска и логистичка подршка за активностите за обезбедување на човекови права на Македонците. Ги повикуваме сите Македонци во Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија и насекаде во светот да ги подржат ММДЧП и АМКЧП во нивната неуморна работа во обезбедувањето на помош за Македонците да можат да ги остварат основните човекови права.


Канцеларии за печат,
ОМО “Илинден“ - ПИРИН
ЕСА-Виножито

     
MainAbout UsNewsActivitiesDocumentsPhoto GalleryMediaContactLinks
© 1999-2009 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.
This website is under development by: TJ-Hosting