Позиција на ОМО „Илинден“ - ПИРИН во врска со изјавите на министер Младенов дека во Бугарија нема македонско или други малцинства

20 мај, 2010

Прочетете тази страница на български

Николај Младенов 1. Тврдењето на министерот дека во Бугарија нема малцинства не одговара на реалноста. Постоењето на бројни малцинства е очигледен факт. Сите пописи во последните седум децении регистрираат постоење на повеќе илјадно македонско малцинство, а исто и на голем број други малцинства.

2. Оваа очигледно спротивна со вистината позиција министерот се обидува да ја аргументира со повикување на бугарскиот устав. Но во него никаде не пишува дека во Бугарија нема малцинства. Во уставот на практика се признава постоење на малцинства кога се зборува за права на лицата на кои бугарскиот не им е мајчин јазик.

Бугарија ја потпиша рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, парламентот ја ратификува а уставниот суд утврди дека таа е во согласност со уставот. Истиот суд констатира и дека поимот национално малцинство не е во спротивност со уставот, како што се жалеа тогаш некои истомисленици на Младенов од екстремните политички сили во Бугарија. Така и според бугарското право во Бугарија има национални малцинства.

3. Исто толку неуспешен е и обидот да се оправда недавањето на малцински права со тоа што Бугарија давала само индивидуални а не и колективни права. Таква декларација може само да биде израз на ниска правна култура во бугарското надворешно министерство, бидејќи малцинските права не се колективни права, туку индивидуални права што колективно се практикуваат. И некои од основните човекови права како право на сдружување, право на собирање, создавање семејство и сл. не можат да се практикуваат инаку освен колективно, но сепак си остануваат индивидуални. Според логиката на министерот и овие темелни човекови права треба да се суспендираат.

4. Обидот да се заобиколи поимот малцинство не е случаен. Декларирајќи дека во Бугарија нема малцинства и дека Бугарија не признава малцинства Младенов всушност ја отфрла Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, која е дел од бугарското законодавство и според уставот има предност пред останатите закони во Бугарија. Не е случајно што во неговиот речник отсуствува поимот малцински права.

Добро позната е мудроста дека тој што сака нешто да направи – бара начин, а оној што не сака – наоѓа оправдувања. Вистинитоста на оваа изрека ја потврдува и Младенов. Преведени на нормален јазик неговите изјави значат дека Бугарија не дава и нема да дава на своите граѓани оној дел од човековите права, познат како малцински права и нема да ги исполнува сите свои обврски како член не само на Европската унија, но и на меѓународната заедница. Тоа е истовремено и признание дека во Бугарија нема целосна демократија. Барем не и за малцинствата. Толкку за „новата“ стара политика на Бугарија и за „новиот“ начин на мислење на бугарската влада.

Прес-центар на ОМО „Илинден“ - ПИРИН


Врати се назад   Врати се горе
Main About Us News Activities Documents Photo Gallery Media Contact Links
� 1999-2021 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.