ММДЧП И АМКЧП ГО ЗГОЛЕМИЈА ФОНДОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ВЕСНИЦИ ВО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА

13 април, 2015

MHRMI Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права со задоволство известуваат дека го зголемиле фондот наменет за финансирање на весниците на македонските малцинства „Народна Волја“ во Пиринска Македонија и „Нова Зора“ во Егејска Македонија, како и за публикување и дистрибуција на историски и тековни македонски изданија. Бугарија и Грција и натаму продолжуваат со нивната политика на сузбивање на секаков израз на македонскиот идентификација. Со овој чекор, ММДЧП и АМКЧП обезбедуваат услови за истакнување на нашата вистинска историја и дека ќе ја шират македонската култура и традиција во регионите во кои живеат Македонци.

"Без помош од ММДЧП и АМКЧП, македонските малцинства на Балканот не би имале пристап до изданијата на својот мајчин јазик. Апелираме до сите Македонци ширум светот да ги поддржат овие непроценливо значајни организации, давајќи со тоа придонес за македонските човекови права", истакна Стојко Стојков, ко-претседател на ОМО „Илинден“ - ПИРИН.

Нашето време е СЕГА. Помогнете. Донирајте. Вклучете се уште денес во акцијата
По еден долар на ден за ММДЧП или во Фонд на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Back to previous page Back to top
MainAbout UsNewsActivitiesDocumentsPhoto GalleryMediaContactLinks
© 1999-2009 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.
This website is under development by: TJ-Hosting