СОБОР ЗА ЈАНЕ

19 април, 2015

Собор за Јане На 19 април во пиринскиот град Мелник се собраа мноштво Македонци почитувачи на делото на легендарниот македонски војвода Јане Сандански. Традиционалниот семакедонски собор, кој се проведува секоја година беше посветен на 100 годишнината од убиството на Јане Сандански. Организатори на соборот беа ОМО „Илинден“ - ПИРИН, Меѓународно македонско движење за човекови права – Канада, Австралиско-македонски комитет за човекови права, Друштво на репресираните Македонци во Бугарија, „Народна волја“, Македонска православна црква св. Петка, Сиднеј – Австралија, билтен „Македонски глас“.

Дојдоа луѓе од цела Пиринска Македонија, од Р Македонија, Егејска Македонија, Албанија и Бугарија.

Соборот започна со минута молчење во спомен на војводата, положување венци и цвеќиња на споменикот на војводата и исполнување химната на ОМО „Илинден“ - ПИРИН – „Народе македонски“. Говор за Јане одржа копретседателот на ПИРИН Стојко Стојков. Поздрави до семакедонскиот собор искажаа: Александар Поповски, потпретседател на Заедницата на Македонците од Егејска Македонија со центар во Битола, Андон Шекеревски од партијата на Македонците во Егејска Македонија „Виножито“, Васил Стерјовски генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција – партијата на Македонците во Албанија, Ангел Динев од здружение за човекови права – Радовиш и Радко Ѓорѓиевски од Прилеп. Беа прочитани поздравни писма од Македонски културен форум во Пула во Хрватска, Советот на македонското национално малцинство и македонската православна општина св. „Јоаким Осоговски“ во истиот град.

Во културната програма настапија: Стефче Стојковски, ансамбл „Гоце Делчев“ од град Битола, со пеачката Софија Кочевска, Културно-уметничко друштво „Јане Сандански“ од Ново Село, Фолклорна група „Пирински глас“ од Разлог, оркестар „Македонија“ од с. Мусомиште.

Песните и ората продолжија до доцна попладне. Соборот водеше Бојан Бибишков од гр. Сандански. Делегација на организаторите положи венец и на гробот на Јане Сандански.


Back to previous page Back to top
Main About Us News Activities Documents Photo Gallery Media Contact Links
� 1999-2021 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.