ПОЗИЦИЈА НА ОМО „ИЛИНДЕН“ - ПИРИН ВО ВРСКА СО ПЛАТФОРМАТА НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ ИЗРАБОТЕНА ВО ТИРАНА

11 февруари, 2017

ОМО „Илинден“ - ПИРИН Како партија која заштитува правата на македонското малцинство во Бугарија ние секогаш сме подржувале унапредување прават на малцинствата, но ништо од тоа што се бара во платформата на Албанските партии во Македонија нема никаква врска со правата на малцинствата, правата на човекот или демократијата. Во неа можеме да видиме само една националистичка агенда создадена во соработка со премиер на туѓа држава а на штета на државата во која се регистрирани и работат овие партии - Македонија.

Самиот акт на одење на советување при премиер на туѓа држава е скандалозен. Никоја малцинска партија во Бугарија не би с дозволила такво нешто.

И ние никогаш не би си дозволиле такво однесување на прво место затоа што е неправилно.

Кога малцински партии одат да се советуваат за своите платформи и политики надвор од државата во која живеат нивните гласачи, тие ја рушат довербата меѓу себе и мнозинството, а исто така ја поставуваат во лоша позиција и земјата со чиј премиер се советуваат. Тоа неизбежно влијае лошо на добрососедските односи, а тие би требало да бидат од основен интерес на малцинските движења.

Втората причина зошто ние не би постапиле така е затоа што реакцијата против нас би била жестока. Всушност нашата ситуација е токму спротивната - ние никогаш не сме си дозволиле такво однесување, а сепак пропагандата во Бугарија создала за нас претстава како за некоја пета колона под команда на Скопје, Белград, Атина, Москва или Вашингтон. Дури самото наше постоење се користело од поедини бугарски државници, како поранешниот претседател Прванов, за да се обвинува Македонија за нарушување на добрососедството.

Меѓу македонските правозаштитни движења на Балканот досега не е изработена општа платформа, но меѓу сите нас постои консензус, И тој за разлика на платформата на албанските партии е насочен кон унапредување на малцинските и човекови права и е во корист и на земјите во кои живееме. Нашиот консензус се базира на барањето за признавање на македонските малцинства и нивното третирање согласно највисоките европски норми.

За жал соседите на Македонија не се толерантни како неа. Дури тоа што се толерира во Македонија личи на антидржавно однесување.

Одењето на албанските партии на советување во Тирана е јасен знак каде лежи нивната вистинска лојалност, а албанскиот премиер во случајот отворено се меша во внатрешните работи на соседна држава. Но тоа е и знак дека Албанија верува дека Македонија е во слаба позиција и сака да профитира на нејзина сметка.

Сето ова треба да го земат во предвид сите македонски политичари и да не дозволуваат повеќе нивното не-единство да биде користено против Р Македонија. Крајно време е и македонските политичари независно од нивната партиска определба да постигнат базичен консензус по клучните национални и државни прашања, по кои да нема ниту пазарења, ниту компромиси и по кои тие да настапуваат секогаш единствени! Сите земји на Балканот го имаат таквиот негласен национален консензус освен Македонија. Ако македонските партии и организации надвор од Македонија генерално имаат таков консензус меѓу себе, зошто да не можат да го имаат тоа и македонските партии во Македонија?

ПРЕДСЕДАТЕЛСТВО НА ОМО „ИЛИНДЕН“ - ПИРИН


Back to previous page Back to top
Main About Us News Activities Documents Photo Gallery Media Contact Links
� 1999-2021 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.