Main
About Us
News
Activities
Documents
Photo Gallery
Media
Contact
Links
ММДЧП ја осудува бугарската расистичка репортажа за конгресот на македонската партија
28 јуни, 2006
Read this page in English
Македонско меѓународно движење за човекови права
-
http://www.mhrmi.org/
Соопштение за медиумите
Бугарски политичари и бугарските медиуми направија голема галама по конгресот на Македонската политичка партија “ОМО „Илинден“ - ПИРИН“. Партијата побара македонскиот јазик да биде предаван во училишта и да бидат емитувани на македонски вести на бугарската државна телевизија. На нивната интернет страна, информативната агенција Фокус го нарече ова ’Скандал на денот’ и изјави:
“Бугарските политичари, јавните лица и лингвистите се согласија со тезата дека не постои македонски јазик и дека е тоа само дијалект на бугарскиот јазик. Претседателот на Комитетот за заштита од дискриминација, Кемал Ејуп изјави дека “ОМО „Илинден“ - ПИРИН“ може да бара македонскиот јазик да биде предаван во училиштата само ако докажат дека се малцинство.”
Понатаму, Фокус истакна дека:
“Претседателот на парламентарната Комисија за Граѓанско општество и медиуми, Иво Атанасов изјави дека со барањето се има намера да се наметне теза дека постои македонско малцинство во Бугарија. Од друга страна, мислењето на историчарот Пантелеј Пантев беше дека “ОМО „Илинден“ - ПИРИН“ носи културна, лингвистична, и етничка корозија во Бугарија.”
Македонците во Бугарија често се соочуваат со дискриминации и закани кога си го истакнуваат својот ентички Македонски идентитет. Како држава која се спрема да влезе во Европската Унија, Бугарија мора да ги почитува правата на своите малцинства и да престане со своите државно-спонзорирани дела на репресија.
ММДЧП бара од меѓународната заедница и особено од Европската Унија, да изврши притисок врз Бугарија да го признае големото македонско малцинство и да им ги даде сите права кои се загарантирани од страна на меѓународните конвеции за човекови права. Исто така, ММДЧП бара од Европската Унија да го услови влезот на Бугарија во Унијата и да не ја прима додека не сго признае македонското малцинство.
Бил Николов, Претседател
Македонско движење за човекови права во Канада
Адреса:
157 Adelaide St. West, Suite 434, Toronto, Canada M5H 4E7
Тел:
416-850-7125
Fax:
416-850-7127
Е-маил:
info@mhrmi.org
Вебсајт:
www.mhrmi.org
Main
•
About Us
•
News
•
Activities
•
Documents
•
Photo Gallery
•
Media
•
Contact
•
Links
� 1999-2021 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.