Main
About Us
News
Activities
Documents
Photo Gallery
Media
Contact
Links
ПОЗИЦИЈА НА ОМО „ИЛИНДЕН“ - ПИРИН ВО ВРСКА СО РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО НА Р МАКЕДОНИЈА
11 септември, 2018
На своја седница одржана на 9 септември 2018 г. во Благоевград Централниот совет на ОМО „Илинден“ - ПИРИН го разгледа прашањето за претстојниот референдум во Р Македонија во врска со името на Р Македонија и ја донесе следната позиција:
- Поаѓајќи од очигледната несправедливост на наметнатиот од грчкиот национализам проблем и сознавајќи дека надвор од секакво сомнение мотивите на грчката страна се насочени против македонската нација, идентитет и македонското малцинство во Грција;
- Поаѓајќи од фактот дека договорот со Грција, како и оној со Бугарија, не се рамноправни и не ги затвараат проблемите, а создаваат механизми за постојано уценување на Р Македонија во процесот на нејзината евроинтеграција од страна на Грција и Бугарија и тоа во насока истата да се откаже од секакво тврдење дека постои македонска нација и малцинства;
- Сознавајќи дека како последица од тоа, овие договори несправедливото барање за менувањето на името на Р Македонија како услов за почеток на преговори за евроинтеграција, реално можат да го заменат со друг услов – демолирање на македонската нација како услов за влез во Европа, или како што веројатно ќе биде наречено: „целосно имплементирање на договорите со Грција и Бугарија“; намера, која е недвосмислено најавена од Грција и Бугарија со зборовите: „Македонија во Европа – да, македонизмот – не!“;
- Забележувајќи дека Грција и Бугарија не кријат дека според нив овие договори го „решаваат“ прашањето за македонските малцинства на нивна територија во смисла на нивно целосно бришење;
- Свесни дека целиот процес се одвива под силен надворешен притисок, кој ни најмалку не е мотивиран од благородни и алтруистички мотиви, идеали и принципи, туку од желба за гео-стратегиско позиционирање и зацврстување на своето влијание во регионот;
- Изразувајќи поради тоа разбирање кон тешката и деликатна позиција во која се наоѓаат македонската држава и нејзината влада;
- Свесни дека правото, демократијата и референдумот не играат никаква друга улога во целиот процес освен во улога на смоквен лист кој треба да го прикрие насилството врз цел еден народ под превезот на „доброволност“ и „заемна согласност“.
- И оценувајќи како очигледен факт дека решава силата а не правото;
ОМО „Илинден“ - ПИРИН е на мислење дека единствениот можен и достоинствен став во едно време на неправда и отсуство на прифатлива алтернатива е народот да одбие да соучествува во сопственото понижување и обезличување и да не дава алиби на насилниците, преку бојкотирање на овој наметнат од надворешни сили „референдум“.
ЦЕНТРАЛЕН СОВЕТ НА ОМО „ИЛИНДЕН“ - ПИРИН
Back to previous page
Back to top
Main
•
About Us
•
News
•
Activities
•
Documents
•
Photo Gallery
•
Media
•
Contact
•
Links
� 1999-2021 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.