Main
About Us
News
Activities
Documents
Photo Gallery
Media
Contact
Links
Интервју со Стојко Стојков
24 мај, 2010
Престави се.
Се викам Стојко Стојков, роден сум во гр. Сандански, Пиринска Македонија, Р Бугарија. Основно и средно образование завршив во родниот град, а универзитет во Скопје. Имам магистерска степен по историја, а работам како заменик главен уредник на „Народна волја“, македонски весник во Бугарија. Копретседател сум на ОМО „Илинден“ - ПИРИН.
2. Што е ОМО „Илинден“ - ПИРИН?
Тоа е граѓанска политичка партија формирана во 1998 г. од слевањето на неколку македонски невладини организации во Бугарија. Причината за нејзното создавање беше во тоа што ниту една од постоечките во Бугарија 350 политички партии не се застапува за правата на македонското малцинство во Бугарија. Така што моравме сами да се организираме и да се бориме за своите права. Целите ни се – признавање на македонското малцинство во Бугарија и давање на сите права предвидени во Рамковната конввенција за правата на малцинствата и останатите меѓународни документи. Демократизација, развојот и европеизација на Бугарија, која за моментот за жал е најзаостанатата европска членка, исто влегува во нашата програма.
3. Каква е состојбата за македонците денес во бугарија?
Нивното постоење отворено и официјално се негира од страна на државата. Ниту едно од правата предвидени во Рамковната конвенција не им е обезбедено. Се кршат дури и основни права од Европската конвенција за правата на човекот како например правото на сдружување. Така невозможно се покажува регистрирањето на македонски друштва. Само годинава се одбиени две такви – Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија и Културно просветното друштво Никола Вапцаров. Официјална позиција на државата застапена и во училиштата е дека се македонско е бугарско и дека македонска нација и јазик не постојат. Од тука јасно е дека државата не одвојува ниту едно евро за развојот на македонската култура, но одвојува доста за нејзното присвојување. Друг сериозен проблем е говорот на омраза на кој Македонците се редовна жртва. Судовите ги штитат навредувачите, а не навредените. Така например еден тв водител – Никола Григоров изјави во интервју дека сите „македонисти“ (во бугарија тоа значи луже со макмеоднска самосвест) се коренито неписмени, мародери и луѓе без морал. И беше оправдан во судот. Слични примери има доста. Зборови како лумпени, неписмени, предавници, шпиуни, па дури и хомосексуалци често се користат во однос на македонските активисти дури и во медиумите. Имавме во 2006 г. случаи кога градоначалник повика оние што се чувствуваат Македонци да бидат избркани од Бугарија, двајца пратеници изјавија дека нашите членови треба без суд директно да се праќаат затвор, а дури и еден водач на парламентарна партија кажа дека такви како нас треба да ги стрелаат на улица, без ниту еден државен орган да реагира.
4. Колкав е процентот на асимилација и со какви мерки го достигнуваат тоа бугарските власти?
Тешко е да се одреди точно, но е висок. Немаме точни податоци поради манипулациите извршувани за време на секој попис за да се намали бројката на луѓето со македонска самосвест. Официјално според последните два пописи имало 10 803 македонци во 1992 г. и 5 070 во 2001 г. Овие бројки се многу далеку од реалноститие. Во периодот 1946 – 1956 г., кога луѓето можеа слободно да се самоопределуваат, како македонци се декларираа 187 000. Од 60-те години на 20 век во Бугарија започна бран на асимилација на малцинствата чија прва жртва станавме ние Македонците. За асимилација се користат сите сретства што и стојат на располаѓање на државата – училишта, медиуми, служењето војска, разни институти и издаваштвото. Се насадува сфаќање дека нема такво нешто како македонска нација и дека да се тврди спротивното е признак на неписменост. Се создава одбивност кон македонските диалекти како кон селски и некултурни, се врши тивка бугаризација на македонските народни песни. Каков апсурд навистина – наводно се бугарски а имаат потреба од бугаризирање... Се користат и инструменти како вработувањето во државниот сектор, закани и подржување на од порано создадениот силен страв кај делови од населението за да се спречуваат Македонците активно да настапуваат за своите права. Ги држат нашите организации надвор од политичкиот живот, ги дискредитираат македонските активисти дека се платени агенти и шпиуни на странска сила (најчесто Скопје и Белград).
5. Каква беше состојбата на македонците во време на комунизмот?
За време на комунизмот односот кон Македонците помина низ две фази. Првата беше на признавање во 40-те и 50-те години на 20 век. Во тоа време имаше дури и нешто како културна автономија на Пиринска Македонија па дури и во еден период се преговараше за присоединување на Пиринска Македонија кон тогаш Социјалистичка Република Македонија во рамките на Југославија. Во една година се допушти изучување на македонски јазик во бугарските школи, се отвори македонска книжарница, театар, имаше емисии за Македонците на бугарското радио и сл. Во пописите одржани во тоа време Македонците беа 187 000 и така се декларираше 63 % од населението на Пиринска Македонија наспроти 33 % Бугари и 4 % други. Потоа политиката се смени и започна негирање на постоењето на македонската нација и прогонување на Македонците. Насилно беа сменети пасошите и во нив на место Македонец беше напишано Бугарин. Беше забрането слушањето на радио Скопје и на македонските песни. Беше организирана една сеопфатна асимилација со сите сретства на тоталитарната држава, при што дури беа криени историски споменици, како македонскиот грб од иконостасот на Рилскиот манастир. Оваа политика роди силен отпор и стотоци луѓе с енајдоа затвор, или беа иселувани во внатрешноста на Бугарија или беа тепани, поставувани во невозможни за живеење услови. Во тоа време никнаа десетици илегални македонски организации, дел од членовите на кои и денес се активни во редовите на нашето движење. Само за пример ќе посочам дека еден од копредседателите на ПИРИН – Стојан Георгиев има лежено на два пати по 4 години во бугарски затвор зарад учество во македонски друштва за време на комунизмот. Се случи една еволуција кај комунистите слична како онаа во Грција. Од поборници и подржувачи на Македонците тие се претворија во наши најогорчени непријатели.
6. На кој начин омо се бори за остварување на човековите права на македонците во бугарија?
На прво место нние ги организираме Македонците да се борат за своите права. И тоа го правиме не само во рамките на партијата – им помагаме според своите можности и на различни македонски невладини друштва и организации со совети, врски, стручна помош и сл. Околу ПИРИН се има оформено цело јато од друштва и клубови межу кои владее едно многу добро разбирање и соработка. Ги учиме луѓето дека треба да се борат за своите права без да се плашат, ги учиме како тоа да го прават а и сами се учиме На второ место ги алармираме и информираме меѓународните фактори и особено европските институции дека постои сериозен проблем со правата на македонското малцинство во Бугарија. Мислам дека во таа област постигнавме многу. Сеповеќе се сфаќа дека постои проблем со македонското малцинство во Бугарија и дека тој не е мал.
Друг важен дел на нашата дејност е да ги информираме не само припадниците на македонското малцинство, но и целата јавност за тоа кои сме ние, за што се бориме, како и за порблемите на Македонците во Бугарија. Имаме обезбедено подршка од весник „Народна волја“ и од билтенот „Македонски глас“ кои макар и независни како изданија сепак силно ја подржуваат нашата кауза. Имаме интернет сајт на партијата. Би сакале во иднина да имаме и свое радио но на тоа поле наоѓаме на многу пречки.
Сакаме да се регистрираме, и преку избори да влеземе во политчкиот живот и во институциите и таму да ги браниме нашите права. На тој начин мислиме дека ќе падне стравот кај Македонците. потоа ќе се сруши митот дека Македонците не постојат. Навистина кога бугарските државјани ќе видат дека нашата партија добива илјадници гласови тешко некој ќе може да ги убеди дека нема македонско малцинство во Бугарија. Од друга страна убедени сме дека нашето легално дејствување најдобро ќе ги убеди луѓето дека ние не сме некакви антидржабвни елементи. Тоа ќе ја одземе општествената поткрепа на сегашната антимакедонска политика.
Настојуваме засега без никаков успех да воспоставиме диалог со властите за положбата и правата на македонското малцинство. Властите се прерправат дека не постоиме. Но не се откажуваме.
Ако треба да посочам на најголемиот наш успех досега тоа несомнено е правото на мирни собирања. Пред само неколку години беше незамисливо да се собереме некаде јавно, да не зборуваме пак да носиме постери, знамиња или да држиме говори. Сега тоа скоро во целина се смени. Втор најголем успех според мене е фактот што нашите забелешки и нашите барања се влезени како констатации и препораки до бугарските власти во сите меѓународни извештаи за правата на малцинствата. Пример за тоа од пред само два месеци е извештајот на Комесарот за правата на човекот при Советот на Европа Томас Хамарберг за Бугарија во кој скоро во целина се застапени нашите погледи и барања.
7. Каде претежно живее македонско населење во бугарија?
Македонци живеат во цела Бугарија. Особено голем е бројот на бегалците од Егејска Македонија, раселени дури до Дунав и Црното море. Сепак најголема е концентрацијата на Македонци во Пиринска Македонија
8. Како управувате со партијата?
Имаме колективен раководен орган – Претседателство кое се состои од петмина рамноправни копретседатели, кои заеднички управуваат со партијата. Ова се покажа најдобро решение по повеќе причини. Од една страна товарот се распоредува на повеќе глави, од друга се убива опасноста од лидероманија, од трета на службите за безбедност кои активно работат против нашата партија им е потешко да излезат накрај со петмина раководители одколку со еден. Председателството се контролира од Централниот совет во состав од 25 души, а законитоста и финансиската акуратност се следи од комисија од петмина.
9. Знаеме дека бугарската власт не го признава омо. Кажете нешто за тоа.
Бугарските власти ја регистрираа нашата партија во февруари 1999 г. броени денови пред да поднесат апликација за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ. Една година потоа и две недели одкако го добија бараниот датум не забранија. Го добивме делото во Страсбур, но Бугарија одби да ни ја врати регистрацијата со изговор дека пресудата не ја задолжувала. Не само тоа – го смени законот и наместо старите 50 членови неопходни за создавање партија, се постави услов од 5 000. Ние собравме во 2006 г. 6 000 и тоа во услови на неверојатна, масовна кампанија против нас. Судот најде други формални причини да не одбие, а сите наши членови беа викани во полиција и заплашувани. Некои и по три пати. Тоа се направи за да да не биде возможно повторно да собереме повеќе од 5 000 членови и да бараме регистрација. Истовремено за да се спаси митот дека наводно има само 5 000 луѓе кои се самоопределуваат Македонци во Бугарија беше измислена и наметната преку медиумите клеветата дека ние сме им плаќале на луѓето да стануваат членови. Се посочуваше дури и на цифра од 500 евра на член што би значело дека сме потрошиле три милиони евра само за членови. Па се пушти во медиумите дека сме ги краделе подтаоците на луѓето, дека сме запишувале умрени и секакви слични работи, макар да е очигледно дека ако имаше нешто такво одамна ќе бевме дадени на суд и ке бевме в затвор. Досега сме направиле три обиди за регистрација по различни основи и сите се одбиени. Пак водиме дела во Страсбург од кој сега очекуваме една појасна и недвосмислена пресуда, која Бугарија да не може да ја заобиколи. Проблемот не е само со партијата – како што спомнав и погоре воопшто не се регистрираат македонски организации во Бугарија.
10. По влезот на бугарија во еу дали нештата се подобрија за македонците таму?
Немногу. Бугарските власти на почетокот дури помислија дека одкако влегоа за нив критериумите веќе не важат па настапи заострување на политиката против нас. Имаше забранет собор, па повици да се забрани македонскиот весник „Народна волја“... За среќа брзу им докажавме дека грешат па настапи одредено олеснување, кое се гледа и во фактот дека соборот за Јане Сандански е дозволен
11. Дали имате соработка со други македонски организации ширум светот?
Да. Најблизки односи на Балканот имаме со Виножито, партнерство од кое имавме навистина многу корист. Потоа со организациите на Македонците во Албанија и со друштвото на Егејците во Битола. Имаме исто така контакти со организации и претставници на Македонците во Романија, Хрватска и Србија. Надвор од Балканот наши најблиски партнери се Македонското межународно движење за човекови права во канада, Австралиско-македоснскиот комитет за човекови права и Обединетата македонска диаспора. Во Бугарија најблиски односи имаме со Бугарскиот хелзински комитет. И едни од најважните се нашите врски со ЕФА, чиј `лен како партија сме ние.
12. Кој е вашиот став са барањето од страна грција, р.македонија да го смени името?
Тоа е едно апсурдно барање породено од фрустрациите на грчкиот национализам. Вистинските мотиви не можат да бидат тие кои се истакнуваат официајално – ниту Р Македонија може да биде некоја закана за Грција, ниту системот воспоставен со НАТО и ЕУ оставаат простор за било каква агресија. Грција може да претендира за ексклузивно право на името, да не зборуваме за имиња како Александар Македонски и сл. За пример ќе кажам дека во Бугарија постојат еден куп улици, плоштади, објекти, па дури и партии и организации кои во себе го содржат зборот Македонија, има улица во Софија со име Александар Македонски, а во Пловдив подигнаа статуа на Филип Македонски. На сето тоа Грција не реагира што доволно зборува дека проблемот не е името или историското налсетство, туку навистина проблем се Македонците, македонската нација и јазик. Мотивите значи се иститие поради кои и Бугарија одбива да ги признае македонската нација и јазик. Овие две земји немаат сила да се соочат со реалността, ниту да ги признаат грешките од минатото. Не случајно се забележува одредена соработка межу Грција и Бугарија не само против Република Македонија, но и против македонските малцинства. Само да потсетам на тоа дека бугарските власти лани конфискуваа предизборните материали на Виножито, без апсолутно никаква причина.
13. Главна манифестација на македонците во бугарија е собирот кај рожденскиот манастир по повод смрта на јане садански. Кажете нешто за тоа и дали имате и други културно-историско-политички манифестации?
Навистина соборот што секоја година се одржува во спомен на големиот македонски револуционер Јане Сандански и неговото убијство се наметна како најголема манифестација на Македонците во Бугарија во последните 20 години. Има и други. Секоја година го одбележуваме денот на Илнденското востание, раѓањето и смртта на Гоце Делчев, денот на Креснеското востание како и 12 септември - ден на геноцидот над македонското движење во Бугарија. Последниот датум е посветен на масакрот извршен врз дејците на македонската левица во 1924 г. со активно соучество на бугарските административни и воени власти и медиумите.
14. Што им порачувате на македонците во грција?
Истото што и на македонците во Бугарија. Треба да работиме за своите права без прекини, без очајување, без страв. Ако секоја генерација го прави тоа што е во нејзини можности, тоа е доволно. Времето работи за нас само и ако ние работиме за себе.
Врати се назад
Врати се горе
Main
•
About Us
•
News
•
Activities
•
Documents
•
Photo Gallery
•
Media
•
Contact
•
Links
� 1999-2021 OMO "Ilinden" - PIRIN, All Rights Reserved.