Европската Слободна Алијанса
Гастајц, 20 јули 2021
Драга претседателке Вон дер Лејен, драг комесаре Рејндерс
Во име на Европската Слободна Алијанса и нашата партија - членка ОМО Илинден - Пирин, ви пишувам да изразам загриженост за положбата на македонското малцинство во Бугарија.
Долги години македонското малцинство е изложено на малтретирање од страна на државата, и му се негираат основните човекови права кои се загарантирани според законите на Европската Унија.
Регистрирањето на македонските организации честопати се блокира од страна на бугарската држава, а говорот на омраза и дискриминацијата против малцинството е сеприсутна.
Мора да се воспостави активен дијалог меѓу државата и претставниците на малцинството, со цел да се разрешат овие проблеми.
Правата на малцинствата се универзални и сите случаи на нивно кршење мора да се испитаат и да следи соодветна реакција.
Во име на македонското малцинство ве повикуваме да:
- Официјално го отворите прашањето на македонското малцинство со Бугарија.
- Да го вброите односот кон малцинствата и особено односот кон македонското малцинство во прашањата кои се предмет на набљудување во Бугарија.
- Да инсистирате од Бугарија да почне да ја применува Рамковната Конвенција кон сите малцинства, вклучително и кон македонското малцинство.
- Да ги испитате случаите на дискриминација и говор на омраза против Македонците.
- Да барате Бугарија без приговор да почне да ги спроведува пресудите на ЕСЧП.
Со почит,
Лорена Лопез де Лакал
Претседател на Европската Слободна Алијанса